(ФОТО) СДММ Куманово: Заедно до промени

Од:

Во организација на локалниот клуб на ОО на СДММ Куманово, вчеравечер се одржа трибина во чест на престојниот празник 11 Ноември, Денот на ослободувањето на Куманово, како и 9 Ноември, Денот на СДММ.

Младите говореа за проблемите на младите луѓе во Македонија, за лошиот студентски живот, проблематичното образование, за невработеноста, за бесперспективноста.

DSC_0012

Тоа се проблемите што ги тераат младите да си ги напуштат семејството и пријателите и да заминат да работат по белиот свет, во Авганистан, Ирак или во западните земји е општиот впечаток.

DSC_0015

СДММ Куманово најавува дека ќе бидат предводници во битката за промени, тоа на што повика генералниот секретар Оливер Спсовски.

-Пред предизвикот сме да се бориме за она што еднаш беше освоено, слободата. Во Македонија последиве 9 години се доведени во прашање основните човекови права. Младите ја имаат енергијата и го имаат потенцијалот да бидат во првите редови на промените. Да ги направиме тие промени заедно, повика генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.
Освен генералниот секретар Спасовски, на трибината на младите присуствуваа и градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, членот на И.О на СДСМ и претседател на Комиисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски, пратеникот Љубиша Николиќ, претседателот на ОО на СДСМ, Мартин Костовски.

DSC_0008

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра