Градоначалникот на Прилеп присуствуваше на традиционалното „Ашуре“ во Канатларци

Од:

Традиционално и оваа година градоначалникот Марјан Ристески го посети н.м. Канатларци каде на покана на Бекташиската Верска Заедница Сабедин Јусуфоски присутвуваше на свечениот ручек „АШУРЕ“ во “Бекташиското Теке Дикмем Баба“.

Оваа востановена традиција што ја практикува Бекташиската заедница од ова село каде 90 % живее турско население го симболизира споделувањето, солидарноста, љубовта, богатството и заедничкиот живот.

Според верувањата традицијата за ашуре, стара со векови, започнува од денот кога бродот на пророкот Ное и неговите верници се спасуваат од потопот. Откако бродот пристигнува на брегот, останата храна во бродот се собира и се прави еден оброк.

Тој оброк се нарекува ашуре. Ашурето се нарекува и јадење на љубовта и хуманоста. Се споделува со комшиите, пријателите и роднините. По примерот на ашурето каде што дванаеесет производи се спојуваат во една смеса, така и муслиманите, христијаните и сите други верници треба да се собираат и да живеат во заедничка хармонија.

Градоначалникот Ристески честитајќи им го овој празник на Бектешите им посака и понатаму добро здравје и негување на традиционалните вредности нагласувајќи дека соживотот и заедничката соработка со турското население преставува вистински пример за меѓуетничко уважување и почит.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај