Кембриџ ќе ја продолжи соработката со МОН

Од:

Децата навистина учеа нови работи и учеа како да учат, а наставниците го разбрале концептот и методите што треба да се користат со новата наставна програма на Кембриџ, заклучи генералниот директор на Меѓународниот центар за наставни програми – Кембриџ, Мајкл О’Саливан.

По денешната посета на основното училиште „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода, каде заедно со заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваа на час по природни науки во прво одделение и час по математика во трето одделение, О’Саливан рече дека е среќен поради начинот на кој се спроведува новата програма.

 – Сега со голема доверба ќе ја продолжиме соработката со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието да го промениме кон подобро она што досега се случуваше во училиштата, изјави О’Саливан.

Година и половина по почнувањето на преговорите за реализација на Кембриџ програмата во македонскиот образовен систем, заменик министерот Ристовски подвлече дека имаме реалност во која учениците од прво до трето одделение изучуваат математика и природни науки по комплетно нови реформирани наставни програми. Со доаѓањето на претставниците од Кембриџ, Ристовски информира дека деновиве треба да бидат потпишани договорите за продолжување на оваа реформа.

– Водејќи се по истиот принцип ќе продолжиме со реформирање на наставните програми по математика и природни науки од четврто до шесто одделение. Очекувам во текот на наредната година по успешното завршување на овој втор дел од реформата да го комплетираме, односно завршиме реформирањето на делот на основно образование, од седмо до деветто, истакна Ристовски.

Наставната програма развиена од Кембриџ почна да се применува годинава кај учениците од прво до трето одделение по предметите математика и природни науки.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови