Нигеријската милитантна група Боко Харем го преименува градот Муби, во Мадинатул Ислам, односно „Град на исламот“, над кој има контрола од октомври, по големите судири со владините сили.
Меѓутоа ги отфрли тврдењата на нигериската влада дека е постигнат договор за примирје, со цел да се обезбеди ослободување на 219-те киднапирани девојчиња.
Во август милитантите соопштија дека ќе формираат исламска држава во области на северо-источна Нигерија, кои сега се под нивна контрола.
Инаку покрај Муби, Боко Харем ги контролира и Мичик и Адамава недалеку од границата со Камерон, што претставува опасност дека оваа екстремно исламистичка група може да ја прошири својата територија.
Во април милитантите киднапираа повеќе од 200 девојчиња од едно училиште во градот Чибок, во државата Борно, кои и покрај меѓународната помош се уште не се пронајдени.
Е. Г.