Генералниот секретар на НАТО, Јенс Стонтелберг денеска допатува во Кабул во ненајавена посета на Авганистан, на средба со претставници на силите на Алијанста и со новото ракводство на земјата.
Стонтелберг, кој го превзема раководењето со НАТО на 1 октомври оваа година, го посети тренинг центарот на авганистанската армија, каде ги увери претставниците на Вооружените сили на земјата дека Алијанстата и натаму ќе продолжи да ги поддржува.
НАТО и САД по 13-годишното војување со талибаските бумтовници, ќе ги повлечат своите сили од Авганистан, каде ќе остане само еден контингент со околу 12.000 војници за обука и поддршка на авганистанската армија.
Силите за безбедност на Авганистан бројат 350 илјади луѓе.