Во 27. минута при резултат 51:35, дербито помеѓу Работнички и МЗТ Скопје е прекинато, а судиската тројка се повлече од натпреварот од засега непознати причини.
На полувремето Работнички имаше убедливо водство од 44:18, но во вториот дел тимот од Аеродром и актуелен шампион заигра многу поорганизирано во нападот и направи серија од 17:7.
Серијата ја предводеше Лучиќ со три тројки.