СДСМ: На учениците во Струга им треба греење

Од:

Кога се доведува во прашање здравјето на учениците, никој не го интересира дали за тоа е крива централната власт на ВМРО-ДПМНЕ или локалната на Зијадин Села. Надлежните институции да не си ја префрлуваат одговорноста еден на друг туку веднаш да го решат овој проблем, побара денеска СДСМ.

„Во неколку основни училишта во Струга е прекината наставата. Нема греење. Неколку дена учениците седеа во студени простории, но од денеска родителите гневни на проблемот не ги пуштаат децата на училиште. Во скоро сите други учениците следат настава со скратени часови затоа што немаат нафта. Иста е ситуацијата и со детската градинка каде недостигот на нафта го компензираат со електрични греалки.Општината е презадолжена и затоа не можат да се обезбедат пари за огрев на училиштата. Последниве 3-4 години општина Струга плаќа поголем износ на име камата отколку на име главен долг. Ова се случува во 21 век. Основна потреба е учениците да учат во топли училишта“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга