Грузискиот архитект Дачи Папуашвили направил концепт на „микро дом“, во форма на крст изграден од бродски контејнери.
Папуашвили имал намера да користи отпадни материјали за изградба на протипот кој би можел да биде многу лесно изграден и во потоплност самоодржлив.
– Во Грузија изградбата на манастири е многу поуларна, објасни архитектот.
– Моја задача беше да го испланирам просторот за една соба, користејќи отпадни градежни материјали.
Домот, кој е изграден од два контејнери, од кои едниот е поставен вертикално, а другиот хоризонтално, има четири ката во внатрешната структура и сето тоа во форма на крст.
Папуашвили вели дека распоредот е дизајниран според функционалноста и дека не е поврзан со верски симболи. Ексериерот на зградата е обложен со обично дрво, додека покривот е изработен од брановидби железни листови.
Соларните панели можат да обезбедат греење.
Оваа мала куќа претставува изолирана, зајакната конструкција, обложена од дрво.
Енергетски независниот објект ја произведува потребната енергија, која акумулира дождовница, така што нема потреба од дополнителни извори на енергија и комуникација, ниту за изградбата, ниту за експоатацијата.
Има посебни простори во малата куќа, кои се наменети за разни обичаи.
На третиот кат се наоѓа спалната соба, кабинет и кујна заедно со трпезаријата, а сето тоа зазема само 12 метри квадратни.
На четвртиот кат се наоѓа уште една просторија, додека на вториот кат има „Био тоалет“ и туш кабината.
Првиот кат служи за чување на акумулаторот која служи за соларна енергија, резрвоарот за дождовница, како и магацинот за храна.