Љубе Бошкоски во судот кажа дека судијата Илија Трпков го води процесот „Ровер“ од лични побуди и со страв кој не му дозволува правилно да просудува. Според Бошкоски целиот процес го следи пристрасност и необјективност, и побара судијата да биде подложен на судско псијатриско вештачење.
– Сакам да ти помогнам, со судското вештачење ќе се покаже дека кај тебе има стравови, му се обрати Бошкоски на судијата Трпков.
Бошкоски овие наводи ги темели поради фактот дека постојано се крши Уставот во постапката и не се почитува ниедно барање на одбраната.
Бошкоски рече дека судијата нема храброст да го почитува законот, а додека го води случајот „судијата бил во халуциогена состојба“. Освен за Трпков побара вештачење и на судскиот совет.
По завршовањето на излгањето на Бошкоски настана конфронтација меѓу судијата Трпков и Бошкоски, по што екс министерот за внатрешни работи му се обрати уште еднаш.
– Ти си правно неписмен човек, сочувствувам со тебе. Ако не бидеш пристрасен, ќе те смени власта која ти ја нарача оваа пресуда, рече Бошкоски.
Изземање на судијата побара и обвинетиот Зоран Трајковски , објаснувајќи дека не сакајќи или сакајќи, судијата му нанел труми и нему и на целото семејство со тоа што е неосновано во притвор цели 836 дена.
Тој до судот поднесе жалба за укинувањее на мерката притвор и побара да се одложи денешниот претрес додека не добие одговор на жалбеното барање.
Судот даде пауза за претседателот на судот да го разгледа барањето за изземањети на судијата.
Камерите не снимаа инсерти денеска, судијата Трпков се правдаше дека тоа е до судската полиција, додека од таму пак рекоа дека не добиле знак од судијата да ги пуштат камерите.
Иако обвинетите Љубе Бошкоски и Зоран Трајковски побараа изземање на судијата Илија Трпков од процесот претседателот на Основниот суд 1 барањето го оквалификува како неосновано.
Одбраната побара изземање и на претседателот на Основен суд 1 но судот не го прифати ова барање.
Обвинителот во случајот „Ровер“ даде завршен збор пред судот а обвинетите истото ќе го сторат во понеделник.
Адвокатот на Зоран Трајковски смета дека притворот за неговиот клиент требало да биде укинат на 12 октомври и според него повеќе од две години нема основ да се држи во притвор.
Б.С.