Кукан: Поткопан кредибилитетот на ЕУЛЕКС

Од:

Шефот на делегацијата во Европскиот парламент за односи со Србија, Едуард Кукан изјави дека обвинувањата дека постојат обиди за криење на случаите, за кои е задолжена ЕУЛЕКС, го поткопале кредибилитетот на мисијата.

– Се разгледуваат сите прашања на кои се однесуваат обвиненијата поврзани со корупција во рамките на ЕУЛЕКС и вкупниот учинок на мисијата треба да биде приоритет, истакна Кукан за белградскиот весник „Данас“.

Тој додаде дека истрагата ќе биде спроведена „без одлагање и на транспарентен начин“.

– Неприфатливо е такви сериозни обвиненија да не бидат процесуирани. И покрај таквите обвинувања верувам дека персоналот на мисијата е посветен на својата работа и целите кои се однесуваат нба унапредување на владеење на правото во Косово, посочи Кукан.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина