(ВИДЕО) СДСМ Гевгелија: Што тоа се случува во ова јавно претпријатие за комунални дејности?

Од:

Два месеца не делат од завршувањето на календарската 2014 година, а Советот на општина Гевгелија се’ уште не може да го разгледа извештајот за работа на јавното комунално претпријатие за вториот квартал од годината, велат од СДСМ Гевгелија.

Во месецот кога граѓаните на домашна адреса ги добија најголемите сметки за потрошена вода со износи и за пет пати поголеми, сигурно дека е важно прашањето: Што тоа се случува во ова јавно претпријатие за комунални дејности?

Претседателот на комисијата за финасирање и Буџет, на последната седница на Советот, го изнесе заклучокот на комисијата: кварталниот извештај на ЈПКД „Комуналец“ за период април-јуни да биде разгледан на 25-та седница, одржана во петокот. Претседателот на Советот на општина Гевгелија не ја стави точката на дневен ред, ниту предлогот на комисијата го прифати. Образложението му беше дека се договорил со градоначалникот да се комплетираат материјалите – не биле готови.

Од градоначалникот слушнавме на седницата негирање – тој не направил никакви договори со претседателот на Советот во врска со точката .

И по оваа конфузија и несогласување на релација градоначалник-Претседател на Совет, уште еден член на локалниот совет од ВМРО-ДПМНЕ реагираше: како тоа претседателот Хаџи Николов става точки на дневен ред по своја желба, без да ги почитува заклучоците на комисиите, ниту роковите за работа на Советот.

Ние од СДСМ сакаме Да потсетиме,дека ваквиот извештај според годишната програма за работа, Советот е обврзан да го разгледа и расправа во текот на третиот квартал од годината, а тоа значи најдоцна до крајот на септември. Сега сме ноември.

Повеќе во видеото:

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра