Регионалниот шеф за безбедност на пограничната мексиканска сојузна држава Тамаулипас, Рикардо Нино Виљареал е убиен заедно се неговата сопруга, соопштија утрово мексиканските власти.
Тамаулипас се наоѓа долж границата со САД, веднаш наспроти Тексас, и околу 2.000 нејзини жители се собрале во Суедад Викторија, главниот град на оваа мексиканска држава, протестирајќи поради убиствата и исчезнувањето на луѓе.
Според соопштението на локалните власти, брачната двојка Виљареал паднала во заседа и се убиени додека патувале со автомобил кон соседната држава Нуево Леон. Возилото било забележено од случајни минувачи, кои ја информирале полицијата.
Виљареал бил шеф за безбедност во областа околу градот Нуево Ларедо, која се смета за упориште на злогласниот нарко-картел Зета, кој е во судир со нарко-картелот Гулф.