Одредени групите за завршниот Мастерс турнир

Од:

Одредени се двете групи во кои осумте најдобро рангирани тенисери ќе играат на завршниот АТП Мастерс турнир во Лондон по кој и официјално ќе биде познато кој тенисер ќе ја заврши годината на првата позиција.

Меѓу осуммината го нема Шпанецот Рафаел Надал, кој денеска беше опериран од слепо црево, па на негово место шанса за настап доби Хрватот Марин Чикиќ, кој е 9-ти на АТП листата.
Во групата А, противници на светскиот рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе му бидат: Швајцарецот Станислас Вавринка, Томаш Бердих од Чешка и Хрватот Марин Чилиќ.

Роџер Федерер, кој останува единствениот конкурент на Ѓоковиќ за освојување на првата позиција на АТП ранг листата на крајот на годината, ќе настапува во Б групата.

Швајцарецот за противници ќе ги има Милош Раониќ од Канада, Јапонецот Кеи Нишикори и Енди Мари од Шкотска.

Во случај некој од овие осуммина тенисери да го откаже својот настап или да се повреди, замени ќе бидат Шпанците Давид Ферер и Фелисијано Лопез.

Завршниот Мастерс турнир во Лондон ќе се игра во „О2“ арената од 9 до 16 ноември.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров