(ВИДЕО) Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ го призна проблемот со загадениот воздух во Битола

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го призна проблемот со загадувањето на воздухот во Битола. Но, наместо да превземе контретни мерки и да се реши овој многу важен проблем за биточани, ВМРО-ДПМНЕ постави прашање, вели Васко Ковачевски.

На собраниската седница за пратенички прашања, битолскиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски му постави прашање на заменик-министерот за животна средина: – Дали и кога ќе биде ставена во функција мерната станица која веќе подолг период не работи?

Одговор од страна на заменик-министерот – НЕМА, а пратеникот Зоран Илиоски е ЗАДОВОЛЕН!

ВМРО-ДПМНЕ се сети да праша за она што СДСМ и коалициските партнери веќе подолг период алармираме, апелираме и неколку наврати предлагаме конкретни мерки и активности.

Тогаш, Зоран Илиоски од комотната фотелја на Координатор на Општинскиот комитет во Битола, и како член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ убедуваше дека само без причина ја плашиме јавноста и дека ситуацијата со загадениот воздух не е критична.

Во меѓувреме, Илиоски стана пратеник па согласно со новата улога го смени и мислењето. Од скептик се претвори во загрижен Битолчанец кој како и сите други бара одговор на прашањата кои досега самиот тој требаше и мораше да ги одговори.

За ВМРО-ДПМНЕ загадување немаше, а денес се сети дека има!

Ваквото лицемерие не е ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ. Нивното однесување исклучиво зависи од нивната моментална функција, а не од фактичката состојба и потребите на граѓаните.

Со поставување прашање Илиоски и ВМРО-ДПМНЕ неможе да се амнестираат за нивниот игнорантен однос кон проблемот со загадувањето во Битола.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски