Дизајнерот Флоријан Пучер спомените од своите патувања ги примени врз дизајнот на овие удобни теписи. Колекцијата „Land carpet“ се состои од 88 различни модели на теписи, а секој тепих е инспириран од пејзажи.
– Секогаш сум сакал да патувам и се обидував да обезбедам седиште во авионот покрај прозорецот, објасни Пучер. Теписите се прилагодливи, еко – пријателски и погодни за деца, бидејќи се изработени од природна волна, со користење нетоксичен лепак, вели тој.
Ако погледнете на сајтот на дизајнерот, ќе забележите дека секое парче е инспирирано со специфичности на одредена земја или континент. Теписите „Land carpet“ се потпишани од страна на дизајнерот, а колекцијата е ограничена.