ЕП и ЕК денеска ќе ги разгледувата обвиненијата за корупција во Еулекс

Од:

Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент денеска со претставници на Европската комисија ќе ги разгледува обвиненијата за корупција во мисијата Еулекс во Косово, пренесе Танјуг.

Портпаролот на високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини соопшти дека на средбата ќе присуствуваат директорот за Западен Балкан во Европската служба за надворешна политика Федерико Џентилини и шефот на службата за внатрешна контрола во Европската комисија.

Портпаролката Маја Коциијанчиќ изјави дека средбата ќе се оддржи под затворени врата, а по неа ќе се следи соопштение за медиумите.

– Могерини многу сериозно ги сфати обвиненијата за корупција во Еулекс и нејзината прва средба утринава (таа ја презеде функцијата на 1 ноември) беше токму на оваа тема, рече Коцијанчиќ.

Обвинителот од Еулекс, Марија Бамие, во интервју од пред неколку дена го посочи Џентилини како еден од главните виновници за корупцијата во Еулекс, истакнувајќи дека неговата дирекција практично управува со мисијата во Косово.

Бамие беше отстранета од должноста под сомненние дека на приштинскиот весник „Коха диторе“ му предала информација, по што весникот објави серија написи за корупцијата во мисијата на ЕУ.

Минатата недела неколку пратеници од Европскиот Парламент инсистираа на формирање независна комисија за истрагата на тврдењата за корупција, за кои зборуваа Бамие и „Коха диторе“.

Неколку косовски невладини организации денеска, исто така, побараа истрага на корупциските афери во Еулекс и за притисокот вршен врз новинарите кои го објавувале информациите за нив.

Би можело да ве интересира

ЕУЛЕКС: Загрижувачко присуство на вооружени лица на барикадите во северно Косово

Шефот на ЕУЛЕКС соопшти: Ја следиме ситуацијата, не знаеме каде е Дејан Пантиќ

Горан Наумовски

По силниот притисок од Србија и четиридневната агонија се согласи ЕУЛЕКС: Пантиќ ќе ги добие неопходните лекови

А1он

Еулекс: Извидничка патрола нападната со шок-бомба кај Рудар

ЕУЛЕКС: Ќе се ангажираме само по барање на косовската полиција

Ана Ололовска

Уапсен претседателот на ветеранската организација на ОВК, Хисни Гуцати

Ана Ололовска