АХВ:Лимоните што се увезуваат во Македонија се безбедни

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија дека се увезени небезбедни лимони од Република Турција.

– Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во Република Македонија, вклучително и на увозот на лимони од Турција со земање мостри и вршење лабораториски испитувања. Досега ниту со еден резултат од испитаните мостри цитрусно овошје, вклучително и на лимони кои во државава се увезуваат од Република Турција, не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за увоз на агруми, се вели во соопштението од Агенцијата.

Воедно, се најавува дека, по изнесените наводи, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги засили инспекциските контроли, кај увозниците на јужно овошје и во внатрешниот промет.

Од почетокот на годинава заклучно со септември, на македонскиот пазар увезени се 4.784.014 килограми лимони, по потекло од Грција, Шпанија, Бразил и Италија. Во истиот временски период само од Република Турција увезени се 2.913.823 килограми.

Би можело да ве интересира

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

Аферата во Украина: Се збогатија купувајќи храна за војската, купија хотели во Хрватска

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ