Почнуваат „Есенски музички свечености“

Од:

Десет концерти се на програмата на годинашните Есенски музички свечености кои ќе почнат вечер и ќе завршат на 29 ноември, во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.

Креаторот на програмата, музичкиот продцент Симона Симоновска, на прес-конференција рече дека и оваа година Дирекцијата ја следи традицијата почната во 2000 година, да организира фестивал на класична музика во номеври, со нови и свежи идеи, со поддршка на млади уметници и на меѓународни проекти.

– И оваа година избравме програма со која Скопје ќе се доближи до европските и светските центри, пред се преку камерната музика, како еден од врвните начини на претстатвување на уметниците, рече Симоновска.

Отворањето на манифестацијата е вечер во Музеј на Град Скопје со концерот „222 Росини“ на гудачкиот квартет „Џовахино“, во состав; Шо Акаматсу од Јапонија, која е виолинистка во Загрепската филхармонија, Алина Губајдулина од Молдавија, исто така виолинстка во Загреб, виолончелистот Павле Савиќ од Белград и Диме Димовски-Илин од Македонија на контрабас. Квартетот, кој е формиран пред две години, ќе изведе сонати од Џоакино Росини по повод 222 години од раѓањето на италијанскиот композитор.

Утревечер во Домот на АРМ ќе настапаи националниот ансамбл „Танец“ со вокално-инструментален концерт насловен „Бисер песна и оро“.

– Четврти пат сме на Есенските музички свечености, а оваа година поради нашиот јубилеј 65 години ќе имаме две новини, рече директорот на „Танец“ Зоран Џорлев, најавувајќи ги „Стар бел дедо овци пасел“ – за голем оркестар, мешан хор и солисти, која не е изведувана речиси десет години, како и праизведба на старата народна тема „Ој ти Пацо, Дреновчанке“.

На 6-ти и на 7 ноември во Културно-информативниот центар ќе се одржува „П.С. Гитар-фест“ – првата вечер со настап на македонскиот гитарист Бојан Ивановски кој доаѓа од Србија, а на втората вечер ќе гостува бразилскиот гитарист Даниел Маркез, кој ќе изведе од класични дела и џез, до латино и танго.

Студентите по соло-пеење од Факултетот за музичка уметност на 10 ноември на својот факултет ќе изведат концерт насловен „Вечер на македонски компизитори“, а на 17 ноември во фоајето на Македонската опера и балет ќе настапи дувачкиот квинтет „Арт“ кој премиерно ќе изведе неколку дела на концертот „Една поинаква приказна“.

На 19-ти и на 20 ноември во КИЦ (Салон 19,19) ќе се претстават гости од Бугарија и од Италија: првата вечер е концертот „Вонвременско патување“ на квартетот „Еолина“ од Бугарија, организиран во соработка со бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје. На 20-ти ќе гостува италијанскиот виолончелист Антонио Мостачи, кој на концертот „Други денови, други очи“ ќе изведе дела од современи композитори, дела напишани за него, а меѓу нив и од македонски композитор (Бојана Петровиќ).

Премиерни дела за кларинет од Јоханес Брамс ќе изведе „Македонски кларинет квинтет“ на концерт на 24 ноември во фоајето на МОБ. Есенските музички свечености ќе завршат на 29 ноември во МОБ со концерт во чест на флејтистот Илија Зимбо, на кој ќе учествуваат негови колеги и соработници од матичната куќа МОБ и од Сојузот на компизиторите на Македонија (СОКОМ).

Организаторот соопшти дека влезот за посетителите е слободен со претходно обезбедени билети.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза