Стојановски повторно во МЗТ

Од:

Дамјан Стојановски од денеска и официјално се врати во МЗТ Скопје Аеродром, соопштија од таборот на македонскиот кошаркарски шампион.

Стојановски го стави својот потпис на договорот според кој се обврзува до крајот на сезоната да игра за клубот од Аеродром.

Македонскиот репрезентативец веднаш почнува со тренинзи и се очекува да биде големо засилување за МЗТ Скопје пред претстојното вечно дерби в среда со Работнички.

Изминатава недела за МЗТ потпишаа и Црногорецот Сеад Шеховиќ, исто така повратник во македонскиот шампион, како и Американецот Дион Диксон.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос