Потрошувачите најмногу се жалат на неквалитетна ИТ опрема

Од:

Потрошувачите и во третиот квартал од годинава најмногу се жалеле на сервисирањето и продажбата на неквалитетни производи. Во Организацијата за заштита на потрошувачите во текот на јули, август и септември имало 352 јавувања во кои се жалеле на сервисирање на технички апрати во 35 проценти од случаите, а пред се на мобилните телефони.

Се жалеле и за телевизори, лапот и десктоп компјутери и други технички апарати. На бела техника отпаѓаат 17 отсто од јавувањата и најчесто се жалеле потрошувачите на машини за перење, шпорети и рерни за печење.

Организацијата забележала пораст на жалбите на потрошувачите за производи за лична употреба (23 проценти) при што поплаките се однесувале на проблеми рекламирање на обувки, облека, накит и асесори.

Со 14 отсто се застапени жалбите на потрошувачите за производи во домот, а најчесто за мебел, како и во првиот дел од годината.

Во делот на услугите во Организацијата на потрошувачите имало 73 јавувања, очекувано поради летниот период во кој потрошувачите најчесто користат годишен одмор и заминуваат на некое патување, се забележува голем пораст на поплаките за туристичките патувања за 74 отсто. Потрошувачите се соочиле со најразлични проблеми, а најчесто на услугата која ја добиле во хотелот, неисполнети делови од понудата, лажно рекламирање, откажување на патување од страна на туристичката агенција на само неколку дена пред патувањето и т.н.. Од Организацијата апелираат потрошувачите кои се соочиле со каков било проблем со туристичкото патување да реагираат со приговор во рок од осум дена од денот кога се вратиле од патувањето со цел да можат да ги остварат своите права, во спротивно приговорот ќе им биде одбиен.

Во делот на јавните услуги на национално ниво во Организацијата за заштита на потрошувачите имало 62 јавувања од кои 55 отсто за испорака на струја, 27 за мобилна телефонија и останатото се однесува на фиксната телефонија, телевизиски и интернет провајдери. Потрошувачите укажувале на добиени паушални сметки за струја повисоки од претходните месеци и нереални поради тоа што тие месеци за кои се однесува сметката воопшто не биле дома и користеле електричан енергија. во делот на мобилната телефонија попладите се однесуваат на превисоки сметки за реализиран интернет сообраќај во роаминг и други непредвидени трошоци.

Организацијата апелира до сите потрошувачи пред заминување на пат добро да се информираат за цените на интернет сообраќајот доколку користат интернет во роаминг.

– Доколку не планирате да користите интернет во странство, контактирајте го вашиот мобилен провајдер за да ви биде исклучена опцијата да можете да користите интернет во странство, или целосно да биде исклучен интернетот, со што ќе можете да бидете сигурни дека трошоци од таков вид нема да ви пристигнат на следната сметка, посочуваат од ОПМ.

Во Скопје се регистрирани 42 јавувања, од кои најголемиот дел 62 проценти се однесуваат на испорака на топлинска енергија и помал дел за водовод и смет, јавен превоз и паркинг услуги. Поплаките се однесувале на високи сметки вон грејна сезона, проблеми со радијаторите или цевките за пренос на топлинска енергија, како и со договорите со претпријатијата кои ја вршат оваа услуга.

Според статиската на ОПМ во јули, август и септември, заклучно со 30 септември имало вкупно 586 потрошувачи кои побарале неко вид совет. Комуникацијата е остварена телефонски, лично или по електронски пат. Најголем дел од советувањата сеа направени преку телефон, и тоа 70 отсто, па потоа по е-маил 24 проценти и шест проценти лично. Од советувањата 529 се општо правни, а 57 се спеецијалистички советувања кои се однесуваат на исхрана, финансиски услуги, права на пацинетите и домување.

 

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза