Во дерби натпреварот од 6.коло на регионалната кошаркарска АБА лига синоќа во Белград, екипата на Црвена звезда ја победи Будуќност со 83:69 и им го нанесе првиот пораз на подгоричани.
„Црвено-белите“ се единствените без изгубен натпревар по шесте одиграни рунди сезонава.
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром по четврти пат загуби и со само две победи се најде во долниот дел на табелата.
Резултати од 6.коло во Јадранската лига: Левски – Крка 68:70, Олимпија – Металац 69:70, Цибона – Шолнок 96:92, МЗТ Скопје – Цедевита 61:76, Игокеа – Партизан 83:77 и Црвена звезда – Будуќност 83:69.
Вечер играат Мега Висура – Задар.
Табела: Црвена звезда 6-0 (победи-порази), Крка 5-1, Будуќност 5-1, Цедевита 4-2,..