(ВИДЕО) СДСМ: Предлозите на власта дискриминаторски за жените и идните мајки

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се спротивставува на намерата на актуелната власт исплатата на породилните надоместоци да се исплаќаат преку фирмите.

Бараме повлекување на оваа предлог мерка затоа што ги загрозува основните права на жените.

Државата мора да биде гарант за обезбедување на првата и заштитата на жената родилка.

Доколку се примени овој предлог на власта тоа ќе предизвика сериозни негативни последици врз жените родилки и идните мајки.

-Затоа што се загрозува положба на жените, се форсира нивна нееднаквост и дополнително исклучување од пазарот на труд.

-Се загрозува пристапот на жените до право на бременост и мајчинство

-Се зголемува несигурноста на работните места на жените и

-Дополнително ќе влијае на намалување на пристапот на жените до заработувачка.

Во суштина на сите овие негативни ефекти се дискриминацијата на жените и зголемувањето на нееднаквоста, спротивна на Законот за еднакви можности“, рече на денешната прес-конференција Мирјана Николовска, членка на Форум на жени СДСМ.

„Овој предлог на власта е спротивен и на Конвенцијата за мајчинство (бр.183) што ја има ратификувано и Македонија. Согласно овие меѓународни стандарди државата би требало да ја укине целата административна процедура за исплата на породилно отсуство. Односно, автоматски да го исплатува надоместокот, без да чека уплати од работодавачите.

Конвенцијата 183 укажува дека откако ќе се утврди правото за надоместот поради бременост и раѓање, истото не смее да биде ограничувано со дополнителни услови. А токму тоа се прави во моментов. Се создава тој сериозен административен товар и се доцни со исплатите.

Наместо вакви мерки на штета на жените, родилките и идните мајки, власта треба да превземе други механизми за навремена исплата на средствата од породилно отуство.

На пример, ефикасна исплата може да се обезбеди со електронско поврзување на ФЗО со УЈП и комјутерска проверка за плаќањето на средствата од страна на работодавачите.

Во таа насока, предлагаме целата административна постапка да биде укината и Фондот директно, тековно да ги плаќа надоместоците за породилно. Без при тоа неговата исплата да зависи од тековното работење на работодавачот, со што стекнатите права на работничките нема да бидат дополнително условени“, изјави Мирјана Николовска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски