Литургија во храмот „Св.Кирил и Методиј“ во Тетово

Од:

Поглаварот на МПЦ-ОА и архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан чиноначалствуваше со светата божествена и архиерејска литургија што денеска се одржа во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово.

Со оваа света божествена литургија се одбележа и една година од формирањето на тетовско-гостиварската епархија и интронизацијата на митрополитот тетовско-гостиварски господин Јосиф. Во едноцрквието учествуваа и митрополитите на Дебарско-кичевската епархија господин Тимотеј, на Брегалничката господин Иларион, како и на Кумановско-осоговската епархија господин Јосиф со повеќе други свештно служители.

Во својата беседа господин господин Стефан искажа задоволство од едногодишното служење на господин Јосиф и на црквата и на народот во тетовско гостиварската епархија.

– Должни сме да бидеме пример, да бидеме светлина за другите. Нашата служба на народот и Бога бара да сме пример за сите и за се. Добриот пастир она што го говори треба со дела да го поткрепува. Добивме архиереј кој е и ќе остане верен на оној кој го постави, дека неговото слово ќе биде светилник за нозете и светлина за патеките на доверениот му народ. Владико утешувај го овој народ и покрај многуте искушенија поучи го да се радува, усовршува, рече господин господин Стефан.

Тој побара поддршка од свештнството и народот да продолжи и во следниот период.

– Вие свештенослужители од оваа епархија заедно со верниот православен народ, помагајте му на вашиот владика. Секој од нас без исклучок и ерархијата и народот повикани сме заедно за учествуваме во мисијата на Светата црква. Се разбира кој повеќе примил повеќе ќе одговара но никој не е ослободен од обврската да помага во духовсниот раст на народот и чувањето на достоинството на црквата на овие простори, изјави г.г. Стефан.

Митрополитот тетовско-гостиварски господин Јосиф истакна дека возобновување на духовниот и црковниот живот во тетовско-гостиварскиот крај била нивна мисија во изминатата година и секогаш кога сме заедно, подвлече, постигнуваме многу.

Тој посочи дека во изминатата година целосно бил реновиран соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово со поставување подно греење и мермер, а најави дека за следната година се планира реновирање на конакот на Лешочкиот манастир со поддршка од Министерството за култура. На духовен план господин Јосиф најави возбоновување на монаштвото во лешочкиот манастир со цел тој повторно да ја добие својата намена за активен монашки и богослужбен живот.

– Ова е радосен ден. Се надевам дека како што почнавме, така и ќе продолжиме, за се да биде за славата Божја, за слава на Светата црква и нашата татковина. Ги просам молитвите на сите тетовци и нивната поткрепа кои ми се многу важни, секогаш кога сме заедно постигнуваме многу. Забележувам дека во црквите има се повеќе млади. Тоа е знак дека оваа црква живее и ќе живее и понатаму бидејќи иднината сепак е тука во младите. Мудроста е на старите но енергијата нека биде на младите, рече господин Јосиф.

На днешното одбележување на овој важен црковен дел за Тетовско гостиварската епархија присуствуваше и ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје Велимир Стојковски, градоначалникот на општината Ѓорче Петров Сокол Митровски, пратеничката од шестата изборна единица Светлана Карапетрова и повеќе верници од тетовско- гостиварскиот регион.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите