Северна Кореја произвела подморница која има можност да лансира балистички ракети, соопштија денеска извори од јужнокорејската Влада.
– Новата подморница е долга 67 метри, широка 6,6 метри, а нејзината максимална тежина во водата е 3.000 тони, изјавил владин извор во Сеул.
Се претпоставува дека Северна Кореја увезла подморница од типот „голф“, од советско производство, која е повлечена од употреба во 90-тите години од минатиот век, и ја подготвила за свои потреби.
Јужна Кореја претходно соопшти дека регистрирала знаци дека Пјонгјанг создава систем за лансирање балистички ракети од подморница и дека официјални Сеул и Вашингтон го следат развојот на ситуацијата.
Доколку биде потврдено дека Северна Кореја изработила ваква подморница, тоа дополнително ќе ја зголеми тензијата на Корејскиот полуостров.