Во најквалитетната кошаркарска лига во Македонија, синоќа беа одиграни три натпревари од 4.коло.
Во салата „Јасмин„ во Кавадарци екипата на Фени Индустри му го нанесе првиот пораз на состав на Карпош Соколи победувајќи го со 85:76.
Куманово пред своите симпатизери убедливо го совлада Гоце Делчев од Штип со 88:64.
До првата победа сезонава во прволигашката конкуренција стигнаа и кошаркарите на Струмица кои на гостински терен го поразија тимот на Водњански Лисици со 77:66.
Колото ќе биде заокружено со дерби дуелот меѓу големите градски ривали Работнички и МЗТ Скопје Аеродром кој ќе се игра во среда, поради настап на шампионот МЗТ во регионалната АБА лига.
Слободен во ова коло е тимот на Кожув.