СДСМ: Кого сакаше за заштити Министерството за земјоделство?

Од:

„Како тоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се најде повикано да одговара на поставените прашања кога Владата е доминантен сопственик на Тутунскиот комбинат Прилеп?

Кого сакаше за заштити Министерството за земјоделство?

Зошто молчи менаџментот на Тут-Ком Прилеп назначен од Владата на Никола Груевски?

Компанија која за 8 години раководење создава над 80 милиони евра загуби, а при тоа од секоја откупна реколта создава залихи на тутун кои не ги реализира на пазарот, логично е да ја запрашаме на прагот од откупот, дали финансиски е спремна истиот да го отпочне и заврши.

Посебно, од минатата година сведоци сме на една компанија која започна со откуп, откупи соодветна количина и по кратко време да исчезне. За на крајот, поради недостаток на финансиски средства на цедило да го остави тутунопроизводителите.

Затоа навреме, на месец и половина пред  почетокот на откупот на тутун ги поставуваме овие прашања, со цел добиените одговори да внесат мир и спокој кај тутунопроизводителите.

Но од молкот на менаџментот и Владата изгледа се е јасно. Очигледно Тут-Ком Прилеп се уште нема обезбедено финансиски средства за почеток на откупот на тутун од оваа реколта“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во врска со пресот на Горан Сугарески.

Би можело да ве интересира

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје

СДСМ: Апсурд од премиер, Мицкоски кој врши партизација ветува деполитизација

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ