„Крајно лошата состојба во која власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го доведоа водостопанството во Македонија е забележана и од страна на Европската комисија.
Во Извештајот, Комисијата изразува загриженост за состојбата со наводнувањето како доминантна дејност од секторот Водостопанство.
Дали Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја демантира и Европската комисија?
Фактите говорат дека системите за новоднување, кои се основна потреба за земјоделците во најголем дел се уништени а останатите објекти и хидросистеми се напуштени и заборавени.
Ваквата состојба резултира со постојано намалување на наводнуваните површини, во последните неколку години под 15 илјади хектари.
Затоа, апсолутно е потребно најпрво да се реконструираат постојните хидросистеми, оние што треба да се исчистат и да се одржуваат за да може системот за наводнување да биде функционален и од корист за земјоделците.
Катастрофалната состојба на системите за наводнување денес не може да се демантира со најави за инвестиции од следната година, притоа со десетгодишни рокови, до 2025 година.
Имајќи ја предвид состојбата во која ги доведе земјоделците не можат да и веруваат на владата на Никола Груевски“, се вели во писмената реакција на СДСМ на соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.