МЗШВ: СДСМ нема потреба да го спасува водостопанството, земјоделците прават разлика

Од:

„СДСМ нема потреба да го спасува водостопанството,бидејќи земјоделците веќе прават разлика меѓу она што тие го оставија и тоа што во последниве години се направи за овој сектор.

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство го прашува СДСМ каде беше кога водостопанските претпријатија со нивниот закон ги ликвидираше и ги остави системите незаштитени и на удар на кражби,а вработените на улица. Колку нови системи изградија, колку канали исчистија и колку системи реконструираа.

Само за потсетување во 2006 година СДСМ од 82.600 хектари, колку што имаше во 1987 година,наводнувана површина оставија во функција едвај 20 000 хектари.

За разлика од нивната, оваа Влада наводнуваните површини ги зголеми на 43 000 хектари.

Каква загриженост кон земјоделците покажува СДСМ кога нуди решението за реконструкција на сегашните системи без изградба на нови.

Оваа влада не само што ќе ги обнови постојните туку во следните 10 години ќе изгради и нови водостопански системи и ќе вложи вкупно 200 милиони евра или по 20 милиони евра годишно што за СДСМ е недостижно .

Во услови кога водостопанските системи ги донесе во колапс и во стечај, сега СДСМ ја критикува реорганизацијата и градењето на цврсти темели на упавувањето на системите преку формирање на Акционерско друштво за управување со водите“, се вели во демантот на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на прес конференција на СДСМ „Водостопанството е во лоша состојба, еве решенија за спас“. 

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади