(ВИДЕО) Сугарески: Дали Тутунски Комбинат Прилеп е подготвен за годинешниот откуп?

Од:

„Со неколкуте одлуки на Владата на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ во изминативе 8 години долгот на Тут – Ком Прилеп кон државата се претвори во траен влог, а  процентот на сопственост во Комбинатот драстично се промени на штета на вработените и акционерите.

Во моментов, процентот на сопственост во Тут-Ком на акционерите  изнесува под    10 %, додека Владата е мнозински сопственик и газдува со околу 90% од капиталот“, рече на денешната прес-конференција Горан Сугарески.

„Пред 8 години, кога ВМРО-ДПМНЕ го превзеде управувањето во Тут-Ком,  вработените акционери и останатите акционери беа сопственици на 55,35% од Тут – Ком а Владата на 35,51 % од капиталот.

Виновник за ова драстично менување на сопственичката структура и уништување на Тутунски-Комбинат е Владата на Никола Груевски и нивната погубна економска политика. Тој дозволи, поставување на неспособни партиски кадри во менаџерските тимови кои во изминативе 8 години направија загуби од над 80 милиони евра и огромен долг кон државата.

Заради ваквото уништување комбинатот, а особено заради ланскиот случај кога, наспроти лажните ветувања на Никола Груевски за навремен откуп на тутунот со просечна цена и до 200 ден и кога Тутунскиот Комбинат Прилеп ги затвори вратите среде откупна сезона, следуваат неколку логички прашања:

-Дали Тут-Ком Прилеп е подготвен за откупот на тутунот од реколтата 2014 и не?

-Дали има обезбедено финансиски средства за откуп на договорените количини од околу 3 милиони килограми тутун?

Имено за оваа реколта, според законското решение, Тут-Ком Прилеп може да добие лиценца за откуп на договорените количини тутун, исклучиво доколку на наменската сметка има депонирано околу 8 милиони Евра, или во висина на договорената количина на тутун по ланската просечна откупна цена.

-Бидејќи се работи за државна компанија, јавноста треба да знае, дали Тут-Ком Прилеп го продаде откупениот тутун од минатите реколти и колкав профит оствари од продажбата на тутунот од последната реколта?

На крајот, дали некој ќе понесе одговорност за катастрофалното работење во Тут-Ком Прилеп“, праша Сугарески.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски