Русија и Кина го блокираа создавањето на Антарктикот за најголем морски резерват во светот, соопштија еколоши организации.
Десетдневната средба на која учествуваа 24 земји и ЕУ во Хобарт, Авсрталија, заврши без да биде постигнат неопходен консензус. Со тоа планот пропадна по четврти пат.
Поголем дел од земјите учеснички и ЕУ го поддржаа предлогот на САД и Нов Зеланд за забрана за ловење на повеќе видови риби во резерват во морето Рос на површина од околу 1,4 милиони квадратни километри.
Вториот план на Австралија, Франција и ЕУ за создавање на четири помали резервати во близина на Истичен Антарктик, исто така, не беше одобрен.
Еколошките организации изразија длабоко разочарување од блокирањето на предлозите.