Во најквалитетната кошаркарска лига во Македонија, денеска на програмата се три натпревари од 4.коло.
Во салата „Јасмин“ во Кавадарци од 18 часот екипата на Фени Индустри го пречекува досега не поразениот состав на Карпош Соколи.
Во терминот од 19 часот, Куманово пред своите симпатизери го пречекува Гоце Делчев од Штип, а во последниот дуел за првата победа сезонава ќе борат Водњански Лисици и Струмица.
Дербито од ова коло меѓу големите ривали Работнички и МЗТ Скопје Аеродром ќе се игра во среда, поради настап на шампионот МЗТ во регионалната АБА лига.
Табела: Карпош Соколи 3-0 (победи-порази), Фени Индустри 2-1, Куманово 2-1, Работнички 2-0, Кожув 1-2, Гоце Делчев 1-2, МЗТ Скопје Аеродром 1-1, Водњански Лисици 0-3 и Струмица 0-2.