Гаража со површина од 230 метри квдратни во околината на Амстердам, е претворена во пространа куќа.
Со природно осветлеување од покривните прозорци, домот има едноставна лепеза на материјали од дабово дрво кои дават контраст со белите ѕидови, црните површини и сивите подови.
Кујната има голема дрвена лизгачка врата, која е во контраст со црните кујнски елементи. Вградените плакари, како и каминот целосно се вклопуваат во контрастниот дизајн. Ѕидовите од дрво, како и вградени дрвени врати, ги одвојуваат приватните зони во домот, како што се бањата и спалната соба.
За да се добие една целина од бои меѓу ентериерот и надворешноста, архитектите во дизајнот вклопиле тепих од 20 метри квадратни, кој е рачно изработен.
Големото количество природна светлина во комбинација со мекиот слој на зелена и сивомаслинестата боја, овозможува свежина во овој многу убав и голем отворен простор.