ВМРО-ДПМНЕ: Пензиите зголемени за 61,9 отсто од 2006 година

Од:

СДСМ има најмалку право да зборува кога се во прашање пензионерите. За Владите на СДСМ, оваа категорија на граѓани беше комплетно маргинализирана и заборавена, се истакнува во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ за зголемувањето на пензиите. 

– Доколку се применеше решението за усогласување на пензиите според пораст на трошоци за живот од 50 проценти и пораст на платите од 50 проценти, усогласувањето на пензиите ќе изнесуваше околу 2 проценти што е за повеќе од два пати помалку од предложеното решение. Со предложеното усогласување од 5 проценти, во номинален износ за сите корисници на пензија, секој пензионер ќе добие дополнителни околу 630 денари усогласување на пензијата, се наведува во реакцијата.

Партијата потсетува дека во 2006 година, просечната пензија изнесувала 7.683,00 денари, а годинава 12.445,00 денари што претставува зголемување од 61,9 проценти.

– Во времето на СДСМ пензиите беа намалени за осум проценти, што е уште еден показател дека СДСМ нема направено ништо корисно за пензионерите. Од 2008 година пензиите се исплаќаат наеднаш за сите групи на пензии, во првата седмица од месецот за претходниот. Во времето на СДСМ пензиите се исплатуваа во две или три групи во различни периоди во месецот, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека дополнително за пензионерите се реализирани проектот бањско-климатска рекреација и бесплатен превоз, а од идната година се планира и бесплатен туристички викенд и електронско распределување во пензионерските домови.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски