Зголемен бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата во септември годинава е зголемен за 10,4 отсто во споредба со истиот месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работници е зголемен за 12,5 проценти во секторот Преработувачка индустрија, а опаѓање од 2,8 проценти има во секторот Рударство и вадење на камен и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3 отсто.

Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,2 отсто, Капитални производи за 111, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 процент, додека опаѓање е забележано кај Енергија за 4,6 отсто.

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – септември годинава во однос на истиот период 2013 година пораснал за 7,7 отсто.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто