Од први јануари, на сметка на државата ќе одат најмалку 35 проценти од секој хонорар по договор на дело или авторски договор, ова уште есента беше најавено со новите измени во законите кои ги изгласа Собранието.
Но порталот Призма открива дека овие закони нема да важат за спортисти, пратениците, советниците, јавните функционери, стипендистите, судиите, поротниците, вештаците, стечајните управници, волонтерите, пензионерите и за договорите за јавна работа коишто ги склучуваат општините.
Цела анализа за давачките што ги очекуваат македонските работници од први јануари, објави Призма.