Ѓоковиќ како последен се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Париз

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, откако синоќа го победи домашниот тенисер Гаел Монфис со 2:0 во сетови. Негов ривал денеска ќе му биде Енди Мареј, кој по триумфот вчера над Григор Димитров покрај четвртфиналето на овој турнир обезбеди и пласман на завршниот Мастрес што се игра во Лондон.

Пласман во четвртфиналето изборија уште: Рожер Федерер, Кеи Нишикори, Милош Раониќ, Давид Ферер, Кевин Андерсон и Томаш Бердих. Од сите осминафинални мечеви единствено Нишикори и Андерсон постигнаа победи од 2:1 во сетови,а другите завршија со резултат 2:0.

Покрај дуелот Ѓоковиќ – Мареј, другите двојки се: Бердих – Андерсон, Раониќ – Федерер и Ферер – Нишикори. 

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров