Британецот Енди Мареј е петтиот учесник на завршниот АТП турнир во Лондон, откако со 2-0, по сетови 6:3 и 6:3 го победи бугарскиот тенисер Григор Димитров и го елиминира од четвртфиналето на турнирот во Париз. Бугаринот само со освојувањето на парискиот АТП остануваше во игра за пласман во Лондон.
По традиција на овој турнир учествуваат осумте најдобри светски тенисери во годината што изминува.
Претходно учество во Лондон обезбедија Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Стан Вавринка и Марин Чилиќ.
По откажувањето на Рафаел Надал, за преостанатите три места во Лондон ќе се борат Давид Ферер, Кеи Нишикори, Томаш Бердих и Милош Раониќ.