Во делот на нацрт на Граѓанскиот закониик на Србија за семејно право на местото каде се зборува за вонбрачни заедници по прв пат се појавува став во кој се спомнува истополова заедница, пренесува српски Блиц.
Во членот 4. став 3. Се наведува дека „Заедницата на лица од ист пол се уредува со посебен закон“.
Авторот и член на комисијата за изработка на Граѓанскиот закон професорот Олга Цвејиќ Јачиќ, поранешен декан на Правниот факултет во Нови Сад, за весникот вели дека идејата е со посебен закон во иднина да се признаат правата кои им се признаваат и на хетеросексуалните партнери кои живеат во вонбрачни заедници.
-Многу земји во Европа го признаа тој облик на заедница, а мнозинството земји и го легализираа бракот , дури во некои земји се признава и склопување хомосексуален брак во црквена форма. Србија е земја која е членка на Советот на Европа, се залагаме за почитување на човековите права и сме против дискриминација. Оваа предложена подредба е во рамките на тие залагања, рече Цвејиќ за Блиц.
Истополови бракови постојат во Шпанија, Холандија, Португалија, Данска, Франција, Велика Британија, Норвешка, Шведска и Исланд. Овие бракови се дозволени во 18 држави на САД, како и во Канада, Аргентина, Бразил, Јужноафричката држава и во други држави. Заедница на истополови партнери се признати во Унгарија, Хрватска, Словенија, Малта, Австрија, Швајцарија, Чешка и Германија.