Општина Охрид продава државно земјиште

Од:

Советот на Општина Охрид даде зелено светло за продажба на земјиште во сопственост на Република Македонија на кое наводно треба да се изградат катна гаража, дом за стари лица и автобуска станица која би требало да ја замени сегашната привремена која е во многу лоша состојба. На оваа одлука, жестоко се спротивстави опозицијата во Охрид, потенцирајќи дека од ВМРО – ДПМНЕ во изборната кампања ветија дека овие проекти ќе ги изградат со сопствени средства.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески во нивната изборна програма ветија дека овие проекти ќе се финансираат со средства од општинскиот буџет и преку јавно приватно партнерство. ВМРО-ДПМНЕ не го исполни ветувањето. Неспособноста на локалната самоуправа не може да се покрива со распродажба на имотот на охриѓани и на сите граѓани. Зошто на приватно земјиште да се градат проекти од јавен интерес? – праша координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

Со реакција се јавија и од опозициската ВМРО – Народна партија во која пројавуваат сомнеж дека ќе се изградат истите објекти доколку земјиштето стане приватно.

Имено, на лагите им нема крај. Само колку за потсетување, кога ДПМНЕ беше опозиција во Охрид пред околу две години, жестоко се спротивставуваше за намерата со јавно – приватно партнерство да се градат капиталните инвестиции како автобуската станица и слични на неа. Во изборната кампања, Бакрачески како да го прифати тој модел, а сега откако поминаа две години од неговиот мандат, тие не само што нема тоа да го прават со јавно – приватно партнерство туку ќе го продаваат државното земјиште. Сето тоа остава сомнеж кај охриѓани дали воопшто ќе се изградат тие објекти откако земјиштето ќе премине во приватна сопственост – велат од партијата.

По натписите на А1он за состојбата со автобуската станица, се разгоре дебатата околу изградбата на нова, модерна автобуска станица како што доликува да има еден туристички центар како што е Охрид. Сомнежот за изградбата на автобуска станица е и кај обичните граѓани, по најавите на Бакрачески дека тоа ќе биде еден од првите проекти со кои ќе се зафати Локалната самоуправа по промената на власта, а истиот е уште поголем со сегашната одлука земјиштето да се продаде на приватен сопственик. Исто така, останува сомнежот дали со ваквата одлука за продажба на земјиштето во прв план се личните интереси, блиски до власта?!

 

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски