„Социјалците“ ја добија помошта од соседите

Од:

Во рамките на манифестацијата „Денови на општина Карпош“, социјално загрозените жители на Општината ја добија помошта од своите соседи. Денеска, беа поделени шеесетина хуманитарни пакети полни со трајни производи и основна помош за социјалните семејства. Пакетите беа собрани во рамки на традиционалната акција „Да бидеме хумани за нашите соседи“. Оваа категорија граѓани изразија огромна благодарност и задоволство, што со полна трпеза ќе го пречекаат Денот на Општината, 3 ноември. Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски топло ги поздрави присутните и им ја пренесе целосната поддршка.

– Хуманитарните пакети ги делиме на граѓаните кои се наоѓаат во потешка материјална положба, но и за граѓани кои се тешко болни и ги носиме до нивните домови. Сметаме дека ова е една извонредна акција за поддршка на нашите граѓани кои се наоѓаат во состојба на материјален ризик со надеж дека тоа ќе трае кратко и можеби еден ден и тие ќе донираат и ќе помогнат некому. – рече првиот човек на Општината.

Од името на Советот на општина Карпош, кој веќе 13-та година по ред ја дава поддршката за помош на овие семејства, претседателот на Советот, Сашо Лазаровски истакна дека хуманоста и солидарноста се најсилната страна кај еден човек.

opK (2)

– Се надевам дека граѓаните ќе бидат сé похумани и се надевам дека во иднина се помалку луѓе ќе имаат потреба од ваква помош во нашата Општина и во нашата држава.

Хуманитарните акции за овие семејства продолжуваат и во иднина. Божиќните и Велигденските празници се следниот чекор кога штандовите пред големите маркети на територија на општина Карпош, повторно ќе “заживеат“. Оваа голема хуманитарна акција, ја организира Одделението за социјална, детска и здравствена заштита при општина Карпош.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи