Индонезија најави целосни дипломатски односи со Палестина

Од:

Новата индонезиска министерка за надворешни работи Ретно Марсуди денеска објави дека Индонезија ќе воспостави целосни дипломатски односи со Палестина.

Министерката Ретно не го прецизираше рокот кога ќе се иџрши формалното отварање на дипломатското претставништво, а нагласи дека овој чекор е резултат на најавите на претседателот Видодо за признавање на Палестина и Израел како две посебни држави.

Аналитичарите во Џакарта претпоставуваат дека Индонезија прво ќе отвори конзулат, но како знак на целосно признавање на палестинската држава ќе објави дека амбасадата на Индонезија во Каиро ќе ги претаставува односите со Палестина во целосен дипломатски статус.

Овде се додава дека чекорот има врска и со желбата на Индонезија да го задржи водечкиот статус во Движењето на неврзаните во кое се уште членуваат голем број држави од Азија, Африка и Централна и Јужна Америка.

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина