ЕУ ги повика Украина и Русија да склучат договор за гасот

Од:

ЕУ ги повика денеска Украина и Русија да постигнат договор за решавање на спорот меѓу двете земји за гасот.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо ги повика сите страни да ги завршат преговорите за Украина да може да добие достава на гас, што ќе биде сигурна и врз основа на пазарни цени, се наведува во соопштението на ЕК.

Баросо нагласи дека вчера разговарал со претседателот на Украина Петро Порошенко за време на тристраните разговори за гасот во Брисел.

Предлогот за изнаоѓање решение, што веќе е на маса, предвидува Киев да му плати 3,1 милијарда долари стар долг на рускиот гигант „Газпром“, од кои 2 милијарди до крајот на октомври.

Во замена „Газпром“ се ангажира да ја обнови доставата на гас за Украина, со минималем капацитет од 5 милијарди кубни метри со цена до 385 долари за 1000 кубни метри.

На тристраната средба во Брисел за рускиот гас синоќа не беше постигнат договор. Се очекува преговорите меѓу Украина и Русија со учество на ЕУ да продолжат вечерва.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска