Австриски тинејџер за 25.000 долари подготвувал напад за ИД

Од:

Малолетниот приврзаник на Исламска држава, што во вторникот е уапсен во Австрија, призна дека планирал терористички напад во Виена, како и дека бил врбуван реку интернет.

Според австриските медиуми 14-годишникот, од турско потекло, не негира дека планирал бомбашки напад и дека бил врбуван за таа цел.

Виенскиот дневник „Кронен цајтунг“ врз основа на инсајдерски информации, пишува дека на момчето преку интернет му се ветени 25.000 долари за терористички напад, како и дека ќе добие специјална позиција во ИД.

За време на сослушувањето тој кажал дека сака во џихад, во Сирија, како и дека преку интернет собирал информации за производство на бомби, кои планирал да го постави на јавни места, како што е виенската западна железничка станица.

– Тој планирал да постави експлозив на јавно место, изјави Михаела Обенаус, портпарол на надлежниот обвинител во Санкт Пелтен, додавајќи дека сакал да замине за Сирија да се приклучи на ИД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа