„Патека на шумата“ во Зоолошката градина Скопје

Од:

Зоолошката градина во Скопје в сабота ќе добие ново едукативно катче „Патека на шумата”, што се наоѓа во делот на европските животни. Патеката ќе има интерактивни содржини, а посетителите ќе се запознаваат со важноста на шумите.

– Ова едукативно катче има за цел да го промени односот на децата кон животните и животната средина која ја делиме. За помалите, патеката може да биде почетно место да се допре, слушне, мирисне и види шумата. Тука ќе можете да научите како да измерите висина и старост на дрво, да разликувате дрва по звук, како животните ги употребуваат сетилата, да препознаете кое животно поминало пред вас, како се прави гнездо, каде живеат инсектите и како да ја заштитиме биолошката разновидност, се со цел да ја зачуваме животната средина за идните генерации, информираат од скопската Зоолошка градина.

На посетителите, приказната на шумата ќе им ја раскажуваат шумарски инженери од Здружението на студенти на Шумарскиот факултет во Скопје.

Во рамките на проектот, повеќе од 200 деца учествуваа во шумски работилници, а за воспитувачите и сите оние кои работат со деца беше подготвен краток прирачник со кој преку игра децата ќе имаат можност да се запознаат со шумата и нејзините жители.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух