Русија: Изборите во Донецк и Луганск се дел од договорот од Минск

Од:

Изборите во самопрогласените Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република, закажани за 2 ноември, одговараат на договорот од Минск и даваат можност за враќање кон конструктивен дијалог, се наведува во соопштение на руското Министерство за надворешни работи, јави ТАСС.

Пред почетокот на преговорите во Минск лидерите на сепаратистите јавно ги изнесоа своите позиции во преговорите. Во нив се наведува дека спроведувањето на избори на териториите на двете самопрогласени републики ќе отвори пат за заедничка работа за задржување на единството на Украина, наведува руското министерство.

– Русија ќе придонесе победниците на изборите во југоисточниот дел да ги следат овие линии. Очекуваме конкретни дејствија за исполнување на договорот од Минск и од украинските власти, и од нивните западни партнери, како и од Организацијата за безбедност и соработка во Европа, наведува руското МНР.

Руската дипломатска служба препорачува изборите на 2 ноември да се искористат не за зајакнување на судирите, туку за промена на ситуацијата кон основа за заеднички дијалог, барање на компромис и балансирање на законските интереси на сите страни, што се дел од рамките на договорот од Минск.

Би можело да ве интересира

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ

Освен Кина, Русија има уште еден моќен сојузник

Предраг Петровиќ