СДСМ: Минимална плата од 8.800 денари е неуспех на актуелната власт

Од:

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска гордо се пофалија со донесениот Закон за минимална плата која изнесува 8.800 денари која треба да достигне 10.080 денари дури за неколку години, се вели во писмената реакција на СДСМ на прес конференцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Минимална плата од 8.800 денари е неуспех на актуелната власт.

ВМРО-ДПМНЕ сега нека им одговори на граѓаните како да преживеат со 8.800 денари кога потрошувачката кошничка за просечно четири члено семејство е над 30.000 денари.

Власта на Никола Груевски  ги донесе граѓаните на Република Македонија на работ на сиромаштијата.

Со многу повисоки цени на струја, вода, храна, греење и други јавни давачки, минималната плата не е доволна ниту за основните животни потреби на граѓаните. 

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ