(ВИДЕО) СДСМ: Војниците без униформа и чизми – несериозен однос на власта кон Армијата!

Од:

„Во каква состојба е денеска одбраната на Република Македонија? Министерот за одбрана, јасно потврди дека државата нема пари да ја облече а камо ли да ја модернизира Армијата на Република Македонија.

И тоа во моменти на регионална активност за регрутирање на џихадисти, кои претставуваат сериозна закана по регионалната, а не само по безбедноста на Република Македонија“, рече на денешната прес-конференција Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

„Го прашуваме Никола Груевски, како ја доведе Армијата до ова дереџе, нашите војници да немаат униформи и чизми?

Во минатото ваквите донации всушност беа софистицирана опрема за армијата.

Каква е таа власт која троши огромни суми на пари а не е способна сама да ги облекува своите војници?

Стопанство има капацитет да произведе облека и обувки за војниците АРМ. Само Владата треба да има желба да ги реши овие проблеми.

Јавно се заблагодаруваме на воената помош од Република Турција, којашто е најголемиот донатор на АРМ од нејзиното создавање.

Апелираме до Груевски, наместо да гради метална и камена Фаланга, да отпочне со модернизирање на Армијата. Веднаш и недвосмислено, да ги реализира сите материјални обврски кон војниците, како и надоместоците за одвоен живот.

Потребите на војниците, моралот и интегритетот на секој војник на АРМ се исклучително важни.

Несериозниот однос на власта кон Армијата и припадниците на АРМ мора да се промени. Состојбата во одбрана мора веднаш да се нормализира“, изјави Максим Димитриевски, претседател на Комисијата за одбрана на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага