Членството во НАТО за првпат со мнозинска поддршка во Шведска

Од:

Нешто поголем број Швеѓани се “за“ отколку што се „против“ членството на Шведска во НАТО, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Тоа го покажуваат резултатите од најновото испитување на јавното мислење спроведено од страна на „Новус“, во кое за првпат приврзаниците на Алијансата во Шведска имаат предност во однос на противниците.

Триесет и седум отсто од испитаниците се изјасниле “за“ членство во НАТО, додека 36 отсто од шведските граѓани сметаат дека нивната земја и понатаму треба да остане неутрална и вон воено-политичките блокови и одбранбени сојузи.

Аналитичарите сметаат дека влијание на новите трендови во јавноста околу ова прашање имале, меѓу другото, кризата во Украина и неодамнешната потрага на шведската морнарица по наводно оштетена руска подморница во шведските територијални води.

Истовремено се презентирани и заклучоците од едно истражување кое пред извесно време го нарача претходната десничарско-центристичка Влада, со цел да се утврдат фактите околу тоа што би значело шведско зачленување во Алијансата.

Во рамките на спроведеното истражување се констатира дека Шведска преку сегашната соработка со НАТО располага со исто ниво на подготвеност за соработка како и многу други земји-членки на Алијансата.

Но, напоредно со тоа се констатира и дека фокусот на НАТО во последно време е насочен пред се кон колективната одбрана, а со што е зголемена разликата меѓу членките и не-членките на Алијансата.

Во споменатото истражување исто така се потенцира фактот дека шведската одбрана во актуелниот миг станува зе повеќе зависна од САД.

Премиерот на шведската црвено-зелена Влада, Стефан Ловен, денеовиве рече дека зачленувањето на Шведска во НАТО моментно не е актуелно прашање.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година