Мексиканските власти во понеделник во близина на Игуала, местото каде што пред еден месец исчезнаа 43 студенти,пронашле уште една гробница со човечки остатоци.
-Новата гробница е откриена во Цоцул, во близина на Игуала во државата Гуеро, а експерти веќе започнаа да работат на истражување. Изгледа дека во неа има остатоци од човечки тела – вели официјално лице за „Франс прес“.
Нешто порано властите пронајдоа 38 тела во гробница во околина на Игуала, но со истрага е утврдено дека ниту едно од телата не припаѓа на групата студенти, кои се водат како исчезнати.
Инаку властите во понеделник приведоа уште четири лица за кои постои сомнеж дека се членови на картелот Гуерос Унидос, за кој се претпоставува дека е поврзан со исчезнувањето на студентите.
Студентите беа нападнати од локалната полиција со помош на припадници на картелот, на 26-ти септември, додека собирале парична помош во Игуала, при што загинаа шест лица, додека за 43 исчезнати се смета дека картелот ги ликвидирал.
Поради политичката криза која што е иницирана од оваа трагедија , гувернерот на Гуеро, Ангел Агуира даде оставка на функцијата.
Новиот гувернер Рогелио Ортег Мартинез кој во недела беше именуван од парламентот на Гуеро, во понеделник се сретна со мексиканскиот претседател Енрике Пена Нето, кој најави мерки за воспоставување ред и безбедност.
Е. Г.