Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ победата над Филип Колшрајбер (6:3.6:4) за осмина финале во мастер во Париз, ја посвети на својот син Стефан.
„Стефан те сакам“, напиша Новак на камерата а потоа откри како се чувствува како родител.
-Чувството е прекрасно и дефинитивно поинакво. Се обидував да искористам што повеќе позитивна енергија од минатата недела. Горд сум што станав татко. Јелена се опоравува покрај нашиот син. Ова беше мојот прв меч откако станав татко и тоа само може да ме инспирира да играм најдобро – наведе Ѓоковиќ.
Е. Г.